Пехчево: Студот ја зема првата жртва. Во својот дом премрзна до смрт 80 годишна старица

Студот убива. 80-годишна старица од Пехчевско, премрзна дома. Таа најмалку шест часа лежела неподвижна во ходникот од семејната куќа, каде поради немоќ паднала.

Таму е пронајдена дури околу седум часот утринава по што е повикана итна медицинска помош. Бидејќи се работи за гранично место, наместо во  пехчевската, повикот завршил во делчевската итна помош, од каде веднаш тргнале за спас на жената, но за помош веќе било доцна:

  • Стануваше збор за четврт степен на премрзување, немаше периферна циркулација, отежнато дишење, работата на срцето беше исцрпувачка, изјава м-р д-р Гоце Стојменовски, началник на Итна медицинска служба – Делчево.

Дека шанси за живот за старицата веќе нема било јасно, но сепак направени се надчовечки напори за да се спаси животот на жената:

  • Од наша страна беа превземени сите мерки, со терапија, на крајот кога беа нарушени виталните функции преземавме и реанимација најмалку 10 пати, но за жал не постигнавме ништо, бидејќи стануваше збор за некроза, изјави м-р д-р Гоце Стојменовски, началник на Итна медицинска служба – Делчево.

Ова е втор случај на смрзнување за последните неколку денови во Делчевсиот регион. Претходно, 57-годишен делчевец беше пронајден премрзнат но со брза интервенција на лекарите, неговиот живот е спасен.

Екстремно ниски температури ќе има и во периодот што следи, па лекарите препорачуваат болни, стари и изнемоштени лица да не се оставаат сами дома. дополнително се советува редовна исхрана, топли напитоци, седење во топли простории и редовно земање на терапија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.