Овошни насади и шума изгореа во пожар во Пехчево. Како што информира МВР, вчера во 15 часот во СВР Штип било пријавено дека во атар на Пехчево, во близина на место викано „Спиково“, избувнал пожар при што биле зафатени неколку помошни објекти, овошни насади и поголема површина на нискостеблеста шума и трева. Пожарот бил локализиран од екипи од Територијалната противпожарна единица Пехчево.