Еден од најурбаните локали во Источна Македонија, делчевското Sky Cafe ќе слави пет години постоење. Роденденската забава ќе се оддржи на 4-ти јули, а за незаборавна журка ќе се погрижат бендот Random Park и диџеите Mario Eddie, Blendimore и 5rovski.
Sky Cafe веќе е подготвено и за летната сезона и потврдени се настапите на многу бендови и диџеи кои ќе ја движат културната сцена во Делчево.