ПЕТТЕ НАЈЧУДНИ ПЛЕМИЊА ШИРУМ СВЕТОТ

Без модерна технологија, без дизајнерска облека или возила. Живот далеку од цивилизацијата кој трае со векови.

Ова се неколку племиња кои живеат во најзафрлените подрачја во светот.

1. Тарахумара

Се нарекуваат себеси Рарамури и живеат над кањоните во Северно Мексико. Биле присилени да се повлечат во ова подрачје пред пет века со инвазијата на Шпанците и таму останале од тогаш.

Срамежливи луѓе кои живеат оддалечени едни од други во мали, дрвени куќи и пештери. Живеат едноставен живот и се познати по тоа што се тивки луѓе, а се бават со земјоделство. Исто така, многу брзо трчаат. И името кое за себе го користат Рарамури во превод значи „луѓе кои трчаат“. Се верува дека рекордот во трчање им е 643 километри за само 48 часа. Изгледат дека не се повредуваат или заморуваат.

Јадат претежно пченка, грав, компири и јаболка, а имаат и сопствен алкохолен пијалок направен од пченка. Речиси никогаш не се разболуваат од рак, дијабетес или срцеви заболувања. Имаат само висока стапка на смрт на новороденчиња. Просечна жена раѓа околу 10 деца, кои се надева дека три или четири ќе преживеат и ќе пораснат.

2. Сурма 

Сури, Мурси и Ме’ен се три племиња кои живеат посебно, но заедно се познати како луѓето Сурма. Живеат во Јужен Судан и Етиопија и делат слична култура и верувања. Куќите им се изградени во планински предели. Во ривалство се со соседните племиња, а пределите во кои живеат се екстремно опасни за странци.

Имаат насилна култура, носат многу малку или воопшто облека. Жените имаат режим за убавина кој почнува уште од мала возраст. Долните заби ги отстрануваат, а нивните усни се прободени и се рашируваат, а во нив се поставува „чинија“. Се верува дека колку поголема е „чинијата“, толку повредна е жената.

Членовите на племето се повеќе горди ако имаат поголем број на лузни на телото. Самите си ја сечат кожата со сечила и спроведуваат екстремно болни ритуали.

Домаќинствата се речиси секогаш предводени од жените и на нив им е дозволено да заработуваат пари од полињата кои ги поседуваат и го задруваат профитот за себе.

3. Луѓето „Рак“

Племе за кое најмалку се знае. Живеат во пештери во планинските предели во Виетнам. Немаат училишта, продавници, дури ни семејни имиња. Спроведуваат чудни ритуали за кои многумина ништо не знаат. Но, младите претставници од племето се повеќе се привлечени од модерниот начин на живот, па се верува дека за помалку од 100 години ова племе ќе исчезне.


4. Осамениот припадник на племе

Во 1996 бил забележан сам човек кој се движи низ Амазонската прашума.

По долги истражувања, откриено било дека човекот живее сам и не бил одвоен од некое друго племе. Откако бил пронајден, дал до знаење дека не сака да има допир со надворешниот свет.

Човекот уште живее во шумата, во комплетна изолација, не споделувајќи ја вистината за тоа од каде потекнува и што се случило со неговиот народ или племе.

5. Короваи

Живеат во прашума во Индонезија Нова Гвинеја и се верува дека до 1970 не ни знаеле за постоењето на другите луѓе освен за оние од нивните ривалски племиња.

Луѓето од ова племе живеат во куќи на дрва и не користат никаква машинерија за да се искачат или да слезат од своите домови, само примитивни рачно изработени алати.

Веруваат дека нивните мртви предци можат да се вратат во секој момент. Немаат контакт со надворешниот свет. Се верува дека племето практикува канибализам. Иако за нас е тоа тешко веројатно, за ова племе тоа е нормално, бидејќи фо поврзуваат со низа верувања и ритуали.

Ова е едно од најмистериозните, изолирани племиња на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.