Пензионерите под 14.000 пензија нема да плаќаат болничка партиципација

Пензионерите кои имаат пензија под 14.000 денари нема да плаќаат болничка партиципација. Наместо нив парите ќе ги обезбеди државата, одлучено е на Владина седница.

„Владата ја прифати предлог програмата за обезбедување на средства за болничко лекување без наплата на учество за пензионерите како иза приметели на социјална парична помош во Р.М ова е само продолжување на програмата која беше активна и минатата година“  изјави Миле Бошњаковски-портпарол на владата на Р.М

Пензионерите се една од социјално најзагрозените категории а во истовреме и најчести пацинети во болниците. Оттука можноста за повеќето од нив да се спасат од овој не така мал трошок, разбирливо наиде на одобрување.

„Убаво е ова треба да се помогне на овие пензионери“

„Лекарствата се многу скапи морам да одвојам и повеќе од 500 денари“

„14.000 илјади пензија не стасуваат и плус пари за лекарства“

кажаа пензионерите

Вкупно во Македонија има 312.703 пензионери кои земаат пензија од Фондот за пензиско и инвалдиско осигурување. Најголем дел од нив 193.204 земаат пензии од 11.131 денар до 37.000 денари.  Помала група се пензионери кои имаат минимална пензија  од 8.716 денари до 9.189 денари месечено, Или во оваа група се пензиите на 93.493 пензионери.

Има и такви кои земаат под минималната пензија или до 8.716 денари,  Толкава пензија земаат 23.998 луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *