Пензионерите во Делчево добија нов клуб

07.XI.2017 (kamenica.mk)

– За над 3000 пензионери од Делчево создадовме поволни просторни, хигиенски услови за користење на слободното време во занимавање со пригодни игри и спортско-рекреативни активности.

Тие ќе имаат можност и да се освежат со разни пијалоци по пристојни цени, а во иднина во соработка со заинтересирани угостителски фирми планираме да може да се користат и топли оброци, истакна на свеченото отворање претседателот на делчевските пензионери, Моне Ѓорѓиевски.


На свеченото отворање на новиот пензионерски клуб, покрај пензионери од Делчево и претставници од општина Делчево присуствуваа и гости од пензионерските здруженија на соседните општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *