Пендаровски: Ќе бидам претседател на сите граѓани

Веднаш по свечената изјава претседателот на Република Северна Македонија , Стево Пендаровски се обрати во Собранието .

Пендаровски пред присутните на свечената седница за инаугурација на претседател , рече дека ќе ги почитува сите граѓани на државата , а не само оние кои го избрале и ќе биде претседател на сите.

,,Како претседател ќе се ангажирам во дипломатските напори за наше полноправно членство во НАТО , како и за почеток на преговорите со Европската Унија . “, се обврза новиот претседател.

Пендаровски во обраќањето  рече дека нашата држава има два приоритети и тоа економскиот раст на државата и бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата .

Во врска со реформите , Пендаровски рече дека по 30 години транзиција треба да се формираат институции , кои нема да зависат од промената на власта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *