Пеналите го решија победникот во мал фудбал од Меморијалниот турнир “Миле Јаневски Џингар 2017”

Финалниот натпревар во мал фудбал од Меморијалниот турнир “Миле Јаневски Џингар 2017”, со нерешен резултат од 1:1 во регуларниот дел, го одиграа екипите на Делириум и Го-Пласт. Победникот беше решен по изведувањето на пенали во кои поуспешна беше екипата на Кафе бар – Делириум со 3:1 (конеч. 4:2).

Тежок и тензичен натпревар, со остара и груба игра од двете страни. Натпревар полн со фаули особено во вториот дел, по израмнувањето на резултатот и продолженијата од по 5 минути.

Резултатот уште во првиот дел го отвори екипата на Го-Пласт, тие имаа иницијатива на теренот и го диктираа темпото на игра се до средината на вториот дел кога резултатот беше израмнет.

Натпреварот како и секоја година се следи со особен интерес од граѓаните на Македонска Каменица и истиот традиционално се одигра пред преполна спортска сала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *