Патниот правец Македонска Каменица – Кочани целосно затворен за сообраќај

Македонска Каменица 11. 07. 2019 година – Сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани целосно е прекинат поради нови камени одрони кај означената критична точка „Саваро“, во близина на село Истибања. Според информации кои ги добивме од „Македонија пат“ патот останува затворен поради безбедносни причини, а сообраќајот ќе биде пренасочен по споредни и алтернативни патишта.
Државен инспектор за сообраќај и патишта, служби од ЈП ДП вршат увид на место од настанот. Веќе од утре започнуваат градежни активности за целосна санација на теренот. Сообраќајот во наредните денови, додека трае санацијата на критичната точка кај м.в „Саваро“ за лесни и полулесни возила ќе се одвива преку село Бигла, а тешките теретни возила ќе мора да го користат патниот правец Делчево – Берово – Виница. Од Македонија Пат немаат детални информации за времетраењето на забраната за сообраќање на овој патен правец. 
Каменица.Мк во текот на минатата недела пишуваше за овој проблем, за кој, по ракција на граѓани од Македонска Каменица се обрати до Македонија Пат од каде изјавија дека моментално се вршат мерења и анализи на теренот, потребни за целосна санација на теренот. Односно, дека ќе биде извршено минирање и чистење на целото клизиште и камените одрони, со што целосно ќе биде саниран теренот за подобрување на безбедноста во сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Но, денешната новонастаната состојба на овој патен правец, најверојатно предизивика забрзана реакција на службите и се надеваме на скорешно решавање на овој повеќегодишен проблем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *