ПАРА ВЕСТИ: Добил отказ, бидејќи не го споил викендот со Први мај

30 април, 2018 година (Njuz) – Славиша Арсиќ беше отпуштен поради тоа што се појави на работа, иако на денешниот работен ден му претходеше викенд, а вторник и среда се неработни денови заради прославата на Први мај.

Како што дознаваат од Njuz, неочекуваниот потег на овој човек, кој не го спои викендот со празникот, ги уплаши сите негови колеги.

– Не можам да кажам нешто лошо за Славиша, тој е добар работник и не правеше никакви грешки. Беше убаво да се работи со него, станува збор за многу пријатна личност. Меѓутоа, денес сите бевме шокирани, а малку и уплашени кога тој дошол на работа и на сите ни ја испрати пораката „Каде сте сите, јас сум единствен во канцеларијата“ – открива неговиот претпоставен, кој најпрвин помислил дека се работи за шега, бидејќи Славиша е познат по добриот хумор.

– Јас му испратив порака „хахахаха, ставив и некоку смајлија и уште неколку емотикони“, но набрзо ми стигна уште една негова порака, од кој сфатив дека тој е сериозен и дека навистина е на работа. веднаш се слушнав со останатите и не можевме долго да зборуваме, бидејќи скоро сите се во роаминг, но решивме веднаш да го отпуштиме – открива нашиот соговорнник и вели дека неговиот, сега веќе поранешен колега ја нарушил работната етика, но и дека постои еден уште поголем страв.

– Неговата одлука да не го спојува викендот со празници, кажува дека станува збор за сосема непресметлива личност и морам да признаам дека почнав многу да се плашам. Ако денес ја направи оваа лудост, не смеам дури ни да помислам што сè е способен да направи утре – вели неговиот шеф и додава дека сега кога малку ќе го врти филмот наназад, се сеќава дека тој еднаш отишол на некој семинар и дека таму навистина нешто и научил, а, пак, на еден тимбилинг презентирал предлози за зголемување на продуктивноста на работа.

Извор: ОКНО.МК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *