Пане од Ѕвегор, единствен вараџија од регионот продава по 30т. вар годишно

Силен оган од дрва, квалитетен камен варовник  и печка изѕидана по теркот на Турците кои некогаш живееле во делчевското село Звегор, е формулата  на стариот варџија Пане кој единствен во регионот го чува занаетот и произведува квалитетна вар за варосување , но и за лекување.

  • Најкавитетна вар во Источна Македонија бидејќи е многу квалитетен каменот. Нашата вар се пече 72 часа, значи три дена и три ноќи. Нашата вар се пече на 1900 степени ја прајме квалитетна. Молерите во Делчево сите се кај мене, само ми с ејавуваат буре таму, буре ваму.Продавам по 30 тони вар во годината. Сите ми велат Пане твојата вар е посилна од поликолорот, изјава Пане Гоцевски, варџија.

За производство на 10 тони вар на Пане му требаат 30 кубика дрва.

  • Еден спрема три е потребата од дрва, а камења околу 10 приколици. Ние ги познаваме камењата експерти сме за ова, кажа Гоцевски.

Варта произведена од варницата на Пане се бара и за лек.

  • Баба Рада од кога кажа половина кило вар, а пет кила вода се лечат и се излечле многу и ние ја пиеме. Нон стоп се јавуваат луѓето од Скопје од цела Македонија. Јас ја пакувам во најлони з ада трае поголго да можат луѓето да ја користат, кажа Гоцевски.

Откако варта ќе се испечи, Пане ја носи дома и ја гаси во специјално направени базени во дворот. Килограм вар се продава од 10-15 денари, додека варта за лек е 50 ден по килограм. Занаетот носи дополнителен приход на ова семејство, кое остана единствено во селото, каде некогаш имало и десетина варџии.

Leave a Reply

Your email address will not be published.