Пакетчиња за сите деца од општина Македонска Каменица и донации од рудникот САСА за новогодишните празници

Македонска Каменица, 28.12.2018 година – Пакетчиња за сите деца од Македонска Каменица и донации од рудникот САСА за новогодишните празници
Македонска Каменица, 28.12.2018 – Рудникот за олово и цинк САСА обезбеди финансиска поддршка и во соработка со општина Македонска Каменица учествува во организација на сите активности за обележување на новогодишните празници.
Покрај доделените социјални пакети за 50 лица од ранливи категории, на заедничко дружење со градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и менаџментот на САСА беа доделени и новогодишни подароци и пакетчиња на лицата со посебни потреби.

Дополнително, општината и САСА како општествено одговорна компанија им додели новогодишни пакетчиња на сите деца во Македонска Каменица, од предучилишна возраст, па сѐ до четврта година средно образование.
„Среќни сме што и оваа година, САСА како компанија има можност да го даде својот придонес и да помогне сите кои се дел од оваа заедница да ја почувствуваат топлината на новогодишните празници. Ова е период на дарување, а со доделените социјални пакети, подароци и пакетчиња досега реализиравме само дел од планираните активности со кои, во рамки на нашите можности, ќе ја завршиме годината во празничен дух.Покрај тоа, чест ни е што годинешната новогодишна честитка на САСА е со дизајн на членовите кои се дел од огранокот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во Македонска Каменица. САСА одвојува значајно време и ресурси за реализација на проекти и активности во доменот на општествената одговорност, а тоа ќе продолжи и во годината која следи“, изјави Олег Телној, генерален директор на САСА. 

Исто така, покрај традиционалната прослава за вработените во Рудник САСА, компанијата и оваа година организира предновогодишно дружење и забава за сите граѓани на Македонска Каменица. Дополнително, претставници на рудникот во текот на новогодишните празници ќе ги посетат дежурните медицински екипи во градот и ќе им поделат пригодни подароци.
Сите новогодишни активности САСА ги реализира во соработка со Општина Македонска Каменица.

One comment

  1. Браво, браво за Саса, за општината, и се разбира за нашиот Ивица. Ние се гордееме со тебе. Поздрав до сите Талески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *