Оштетен контролен пункт за дезинфекција на возила на влезот во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 12.04.2020 – Во текот на изминатата ноќ, за време на воведениот полициски час и забрана за движење, делумно е уништен контролниот пункт за дезинфекција на возила на влезот во Македонска Каменица од страната на Делчево. Сторителот е непознат на органите. Вработените во ЈП „Камена Река“ во текот на денешниот ден се обидуваат да ја санираат штетата и повторно да го вратат во функција пунктот со кој општина Македонска Каменица воведе дополнителна заштита на граѓаните за спречување и ширење на заразата од Ковид – 19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *