Бобан Павловски од Охрид го фати Светиот крст во реката Вардар, што денес напладне го положи Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
Павловски на сите им посака среќа, здравје и бериќет, а по повод фаќањето на крстот доби и пригодни подароци. Но, фактот што Охриѓанец го фатил крстот во Скопје , ги изнервирал Скопјани, па посакале да го тепаат денешниот фаќач на крстот.