Советниците од Општина Охрид донесоа едногласна одлука да не се даваат пари од општинска каса за концертите што ќе се одржуваат во летниот период, а кои се во организација на приватни продукции. Ваквиот предлог доаѓа откако изминативе години неколку продукции инкасирале милиони денари од општинската каса.
Лани, Општина Охрид со народни пари финансирала пет концерти и на организаторите им исплатила 5.649.000 денари. Парите ги зеле два правни субјекта „БМЈ Медиа гроуп“ издавач на „1ТВ“, чиј сопственик е Бојан Јовановски, и „Самоорганизација букинг“ застапник на „Аволон продукција“, чиј сопственик е Бобан Милошески.