Отстранет дефектот на водовната мрежа. Состојбата со снабдувањето со вода се нормализира

Македонска Каменица, 22.08.2019 година Јавното претпријатие „Камена Река“ ги известува граѓаните на Македонска Каменица , корисници на водоводната мрежа, дека настанатиот дефект на истата е отстранет.

Денес, настана дефект на една од главните водоводни линии, при што беше запрено снабдувањето со вода во поголемиот дел од Македонска Каменица. Екипите од Јавното претпријатие веднаш излегоа на терен и дефектот е отстранет. Состојбата со снабдувањето со вода веќе се нормализира. За краток период граѓаните повторно ќе добијат чиста и здрава вода за пиење, – изјавуваат од ЈП Камена Река

Од ЈП Камена Река упатуваат апел до граѓаните за рационално користење на водата во летниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *