Отров за кучиња и вандалско однесување на улиците во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 13.06.2020 година – Граѓани на Македонска Каменица преку социјалните мрежи алармираат за појава на вандализам во вечерните часови кога уништувањето на поставената урбана опрема е честа појава.

Исто така, изминатите денови во нашиот град, честа е пријавата на фрлање на отров против домашни миленици. Граѓаните обвинуваат дека таков отров е поставен на целата територија на Македонска Каменица, но најчеста е појавата на умрени (отровени) кучиња во долниот дел на градот, односно улиците Осоговска, Илинденска и Македонска.

Граѓаните во своите објави на фејсбук бараат од надлежните да преземат соодветни мерки против сторителите. Од загрижени граѓани, во име на една од Месните заедници во урбаната средина се нуди и парична награда за пронаоѓање на сторителите.

Од општина Македонска Каменица и ЈП “Камена Река” како претпријатие задолжено за јавна чистота и одржување на урбаната опрема во градот, апелираат до граѓаните да се однесуваат совесно, да не вршат вандалски дејства, при што укажуваат дека функционалноста на уништената опрема ќе биде вратена веднаш, но сето тоа предизвикува дополнитени импликации врз буџетот на претпријатието, односно на буџетот на граѓаните. “Наместо да продолжиме да уредуваме нови јавни простори за разубавување на градот, ние средствата мораме да ги пренамениме за поправка на уништената урбана опрема” – додаваат од претпријатието, барајќи од надлежните органи да поведат истрага за пронаоѓање на сторителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *