Отворена спомен соба на Киро Глигоров во Штип

Во мултимедијалниот центар во Штип, отворена е спомен собата на Киро Глигоров, наш сограѓанин и прв претседател на самостојна и суверена Р. Македонија. На свеченоста присуствуваа бројни гости, а премиерот пред присутните истакна дека Глигоров е една од нај маркантните личности во поновата македонска историја.

– Гледајќи во делото на Глигоров, да научиме нешто од неговата умереност и политичка прагматичност, да научиме да гледаме подалеку во иднината, да сонуваме уште повеќе и да работиуме со уште поголема посветеност и жар, бидејќи само така можеме да очелуваме да ја видиме нашата земја како расте, напредува и чекори, рамо до рамо со земјите од развиениот свет-изјави Зоран Заев, премиер на Владата на Р.М

Во спомен собата се сместени лични предмети, фотографии, документи, ордени и признанија кои му биле доделени на Глигоров во текот на неговата долгогодишна политичка кариера, а во трајна сопственост на градот им ги отстапи неговата ќерка.

– Имаме едно катче во родниот град на татко ми, кој што секогаш бил штипјанец, каде и да живеел и работел по светот, секогаш го имал Штип во себе и така било и кај нас дома. Секогаш сме знаеле дека од овде потекнуваме-изјави Донка Глигорова, ќерка на Киро Глигоров.

– Ќе биде убава прилика овој објект  и патоказ за денешните и идни генерации да можат да дојдат и да се запознаат од блиску со ликот и делото на нашиот прв претседател-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Една од најголемите заслуги на првиот претседател е етаблирањето на Македонија на меѓународен план, како рамноправна членка на ОН и на останатите меѓународни организации.

– Сеќавањето за неговите меѓународни активности, за нас дипломатите беше извонредна можност да учиме, да напредуваме и да си ја сакаме оваа земја и затоа сме многу горди што живеевме и работевме со претседателот Глигоров, изјави Виктор Габер, дипломатски клуб на Македонија

Новоизградениот Мултимедијален центар во Штип е првата институција во државата која го носи името на Киро Глигоров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *