Осмомартовски панаѓур во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 07.03.2019 – Претстојниот викенд (08.03 – 10.03.2019) во Македонска Каменица ќе се одржи Осмомартовски Панаѓур. Место на оддржување ќе биде платото кај автобуската станица, долж кејот на Каменичка река.

Широк асортиман на разновидна стока од секаков вид ќе биде изложена на големиот број штандови поставени токму за купувачите и посетителите од Македонска Каменица и околните градови и населени места.

Настанот е помогнат и поддржан од Локаланата самоуправа на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *