Осмомартовските подароци за учителките, товар за семејните буџети – Подароците поскапи од 1000 денари треба да бидат пријавени и оставени во институцијата

Родителите на мака во пресрет на празникот на жената – Осми март. Иако идејата е да се подари цвеќе или некој мал симболичен подарок, трендовите се изместија, па така најголем проблем за родителите е каков подарок да изберат за учителките на своите деца.

Кај оние кои ќе успеат да се организраат да купат групен подарок, односно подарок од целото одделение, решението е многу полесно. Обично се собираат од 150-500 денари и со собраната сума се купува еден, но повреден подарок за учителката.

Родителите велат дека во повисоките одделенија учениците веќе сами се организираат и го избираат подарокот за учителката, класната, но и за оние наставнички на воннаставните активности.

Но, родителите реагираат дека трошокот е неминовен и дека сѐ почесто во последните години е товар за семејниот буџет. Финансиски помоќните семејства дури и не сакаат да учествуваат во купувањето на групен подарок, односно да собираат по 200 денари, затоа што сметаат дека е малку таа сума.

Целиот текст на skopjeinfo.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *