Општините до 10 септември треба да кажат каде има услови за настава со физичко присуство

Министерката за образование Мила Царовска ги повика oпштините заедно со директорите на училиштата кои сметаат дека ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство тоа да го сторат најдоцна до 10 септември и образложенијата да ги достават до Комисијата која ќе ги разгледа нивните барања и ќе оцени дали ги исполнуваат условите.

Децата од прво до трето одделение ќе ја следат наставата со физичко присуство во просториите во училиштето, но дадено е право на избор за следење на наставата на далечина, со писмено изјаснување на родителите.
Министерката рече дека во паралелките во кои има ученици кои следат настава со учење на далечина, наставникот може додека го држи часот да ги вклучи и учениците кои следат настава од далечина, да го сними наставен час и да го испрати на учениците кои следат настава од далечина, да изготви печатени материјали за родителите но исто така може да одржи час и само за учениците кои следат настава од далечина.
Наставниот час во основните училишта ќе трае 30 минути а во средните училишта 35 минути. Оваа учебна година, водејќи сметка за квалитетот на образовниот процес кој ќе се одвива на далечина, министерката Царовска посочи дека е предвидено проверката на знаењата на учениците да се врши со физичко присуство на учениците во училиштето.
Наставата за учениците од средно образование се реализира со учење на далечина и со

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *