Општина Македонска Каменица ќе добие 630.000 евра за подобрување на локалната патна инфраструктура

Започна имплементацијата на проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини и Град Скопје, со 70 милиони евра кредит од Светска банка.

Градоначалниците и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска во Владата потпишаа Меморандум за соработка со што стартуваше проектот, што треба да ја подобри патната поврзаност, безбедноста на сообраќајот и локалниот и државниот економски развој. Првиот тендер од проектот со кој е предвидена санација на патишта во должина од 23 километри во вредност од пет милиони евра е веќе доставен на одобрување во банката.

Со потпишувањето на овој Меморандум, општина Македонска Каменица ќе добие околу 630.000,00 евра за подобрување на локалната патна инфраструктура.

Како што беше објавено на официјалните налози на социјалните мрежи на општина Македонска Каменица средствата ќе бидат искористиени за изградба и реконструкција на локални патишта во неколку приградски и рурални средини, со вкупна должина од околу 4 километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *