Општина Македонска Каменица распиша тендер за изградба на атмосферска канализација

Општина Македонска Каменица објави Оглас за јавна набавка за Изградба на атмосферска канализација на дел од уличната мрежа во Македонска Каменица.

„Реализацијата на овој проект во пракса ќе значи целосно и трајно решавање на проблемот со атмосферските води во овој дел од Македонска Каменица. Оваа атмосферска канализација ќе биде поврзана со веќе постоечката, со што цеосно го затвараме системот за одводнување на атмосферските води.  Реципиент на атмосферските води ќе биде Каменичка река, каде со завршувањето на овој проект, создаваме услови за продолжување и дореализација на проектот за доизградба на градскиот кеј на реката.

Крајниот рок за доставување на понудите е  30.12.2020 година. Договорот за јавната набавка ќе биде со време траење од 240 дена. Заинтересираните економски оператори Огласот за јавната набавка можат да го најдат на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/d4e8f6c9-6186-4881-b5a5-611c83ded331/14

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *