Општина Македонска Каменица продолжува со асфалтирање на локални патишта во селските средини

Македонска Каменица, 16.12.2019 година – Македонска Каменица продолжува со изградбата на локалните пристапни патишта во повеќето селски средини од Општината.

Од општината изјавуваат дека веќе е завршено асфалтирањето на првите 1000 метри во селата Луковица и Тодоровци од вкупно предвидените 2730 метри. Денес започна изградбата на нов локален пристапен пат во село Цера, со должина од 340 метри.

Склучениот Договор предвидува изградба на асфалтни патишта со вкупна површина од 8236 квадратни метри асфалт, за кои приближно се издвоени 12,9 милиони денари.

Истовремено, во централното градско подрачје на Македонска Каменица интензивно се работи на подготовките за продолжување на улица “8-ми Септември”, како и уредување на јавниот и паркинг просторот долж улицата. По завршувањето на градежните работи во село Цера, во зависност од временските услови, ќе продолжи изградбата на уште неколку асфалтни патишта во останатите селски средини, – дополнуваат од општина Македонска Каменица

Ова покажува дека еден од врвните приоритети на локалната самоуправа е поврзувањето на што поголем број жители на руралните средини со асфалтни патишта, со што значително ќе се подобрат условите за живот и во тој дел од Општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *