Општина Македонска Каменица инсталира енергетски ефикасно јавно улично осветлување

 

Македонска Каменица, 11. 09.2019 година – На 5 септември во Стопанската комора се одржа работилница на која ќе беа презентирани техничката и тендерската документација за јавното улично осветлување изготевни од страна на пилот-општините. Основните начела на ЕСКО моделот, договорот за енергетски услуги што согласно подзаконските акти што се подготвуваат ќе мора да се потпише меѓу давателот и корисникот. Како и постапка за јавно-приватно партнерство за објавување на тендерската документација од страна на општините.

Техничка и тендерска документација за јавно улично осветлување покрај четирите останати општини учесници на работилницата, во Стопанската комора беше презентирана од претставници на општина Македонска Каменица.

„Наша цел со реализацијата на овој проект е заштеда на трошоците, подобра услуга за граѓаните и борба против климатските промени. По истекот на договорот, опремата и целокупната заштеда на енергија останува во сопственост на крајниот корисник, во овој случај нашата општина. Проектот предвидува поставување на енергетски-ефикасно јавно улично осветлување во само неколку општини, меѓу кои се наоѓа и општина Македонска Каменица“. – изјавија од општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *