Општина Македонска Каменица донираше телевизори за потребите на детската градинка “Бамби”

Македонска Каменица, 25. Ноември 2022 година – Општина Македонска Каменица донираше телевизори за потребите на детската градинка “Бамби”.

– Денеска, за потребите на ЈОУДГ “Бамби” дониравме четири телевизори, со кои ќе се подобри спроведувањето на воспитно-образовниот процес во установата. Телевизорите се набавени во рамки на субвенциите од Договорот за мобилни телекомуникациски услуги, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски при денешната посета и работната средба со директорката на Јавната општинска установа детската градинка “Бамби”, Тодорка Велиновска

Градоначалникот Атанасовски во изјавата истакна дека, “Од наредната недела започнува исплата на одобрените средства за сите првачиња и за средношколците запишани во прва година во СОУ “Миле Јаневски Џингар”.

– Продолжуваме со поддршка и инвестиции во образованието, нашите дечиња ги заслужуваат најдобрите услови, – вели Атанасовски на крајот од изјавата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *