Општина Македонска Каменица го решава проблемот со кучињата скитници

Во општина Македонска Каменица во текот на вчерашниот ден се одвиваше акција за заловување на кучиња скитници. Стручни служби на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово задолжени за спроведување на акцијата успеаа да заловат вкупно 13 кучиња скитници кои во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, како и третирање со вакцинација и кастрација на истите.

Акцијата ќе продолжи и во следниот период, според потребите и планираните активности за заловување. Општина Македонска Каменица ги замолува жителите да пријавуваат појави на кучиња скитници, за истите бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по здравјето и безбедноста на граѓаните. – изјавуваат надлежни лица од опшината.

За заловување на кучиња скитници, Општина Македонска Каменица за тековната 2018 година склучи договор со ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово за кој издвои 295 000 денари. Во текот на досегашните акции се заловени над 70 кучиња скитници

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *