Општина Македонска Каменица во вторник и среда ќе прска против комарци

Македонска Каменица, 04. Јули 2019 година – Општина Македонска Каменица упати соопштение до граѓаните дека во среда, на 10 јули 2019 г. во периодот меѓу 04:00 и08:00 часот наутро, екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово на територијата на општина Македонска Каменица ќе спроведат авиотретирање против комарци. Претходно, во вторник 09. Јули 2019 година помеѓу 22:00 и 24:00 часот ќе биде извршено и терастичното прскање против комарци во градската средина на општина Македонска Каменица.

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *