Општината потпиша договор за изведба на многубројни градежни активности во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 08.08.2018 година – Општина Македонска Каменица и фирмата изведувач „Класик Компани 2010“ ДООЕЛ од Охрид, потпишаа договор за изведба на градежни активности во Македонска Каменица. Во едногодишниот договор е предвидена изведба на  Бетонски работи, партерно уредување на површини и изградба на потпорни зидови, канали и мостови во Македонска Каменица.

Прочитај повеќе: Македонска Каменица се подготвува за „Ден на дијаспората 2018“

Договорот е со вкупен износ од 7 295 702 денари (седум милиони двеста деведесет и пет илјади седумстотини и два денари). При потпишување на договорот е утврдена и приоритетна листа активности за изведба, кои се нужни за подобрување на условите на живеење на граѓаните, како од градската, така и од селските рурални средини.

Целосниот текст од Договорот за изведба на предвидените градежни активности можете да го видите на официјалната веб страна на општина Македонска Каменица www.makedonskakamenica.gov.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *