Опасност од одрони на патните правци кон Кочани и Делчево

Возете внимателно! Одрони на патните правци од Македонска Каменица кон Делчево и кон Кочани. Посебно е опасен по безбедноста на возачите и патниците поголем одрон во близина на село Драмче, каде едната коловозна лента е целосно блокирана.

Од ,,Македонија пат”, потврдуваат дека состојбата на теренот се следи и во рамки на можностите интервенираат на критичните места.

Сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани во текот на целиот викенд се одвива по влажни коловози, поради што се препорачува внимателно возење и следење на патната сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *