ОПАСНИ КОМБИНАЦИИ: Овие апчиња НЕ СМЕЕТЕ да ги мешате со алкохол

Во сезоната на празници, слави и прослави, дури и да сме на одредена терапија, знаеме да си дадеме слободен ден за алкохол, посебно ако се работи за викенд.

Но, доколку веќе решавате да не бидете послушни со побрзото оздравување, бидете добро информирани да не си направите уште поголема штета.

Овие 6 комбинации на алкохол и апчиња се опасни и може да завршите со непријатни „изненадувања“. Затоа, внимателно!

АНТИБИОТИЦИ + АЛКОХОЛ

Во овој случај мамурлакот може да биде екстремно влошен и проследен со повраќање.

ПАРАЦЕТАМОЛ + АЛКОХОЛ

Ризикувате оваа комбинација буквално да го изгори црниот дроб.

АПЧИЊА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ + АЛКОХОЛ

По неколку часа, ќе го постигнете спротивниот ефект – зголемен притисок.

АНТИДЕПРЕСИВИ + АЛКОХОЛ

Ќе почувствувате пад на енергијата, вртоглавици и поспаност.

ЛЕКОВИ ПРОТИВ ВИСОК ХОЛЕСТЕРОЛ + АЛКОХОЛ

Ризикувате да си предизвикате болки во мускулите и целото тело.

ИНСУЛИН + АЛКОХОЛ

Големи се шансите да изгубите свест, видот да ви се затемни, па дури и да западнете во краткотрајна кома.

Leave a Reply

Your email address will not be published.