ООУ „Св. Кирил и Методиј”- Македонска Каменица со пригодна програма го одбележа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

04.XII.2017 kamenica.mk

Денес во Дом на културата- Македонска Каменица, во организација на ООУ Св. Кирил и Методиј, се одржа пригодна програма по повод 03. Декември- Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Пригодната програмата беше огранизирана од наставничкиот колегиум во соработка со стручен соработник – дефектолог во училиштето. Програмата ја изведоа учениците од IV до IX одделение заедно со другарчњата соученици- лица со посебни потреби од училиштето, што предизвика посебна радост и воодушевување како за учесниците, така и за сите ученици и посетители во публиката.


Учениците настапија со одлично кореографски уредената и весела игра Игри без граници, потоа следуваа две кратки театарски претстави и неколку тематски рецитали. Дел од програмата беше и ликовната колонија на која твореа ученици од ликовната секција при училиштето составена и од ученици со посебни потреби како и гимнастичката танц- вежба со јаже и обрач.
03 Декември- Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби оваа година за првпат се одбележува со ваква организирана пригодна програма во склоп на ООУ Св. Кирил и Методиј од Македонска Каменица.


Дел од публиката на денешната пригодна програма беше и Соња Стаменкова, градоначалникот на Македонска Каменица. Градоначалникот Стаменкова кратко ги поздрави учениците и присутните на настанот, нагласувајќи дека вниманието посветено на само еден ден за лицата со посебни потреби не е доволно, туку тоа треба да биде постојано и да претставува дел од секојдневието на сите. Додаде дека тоа всушност не се лица со посебни потреби, туку лица со посебни способности бидејќи секојдневно надминуваат и најтешки бариери во животот. Едноставно тоа се лица кои заслужуваат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството”. Учениците од ликовната секција на градоначалникот Соња Стаменкова и подарија неколку свои уметнички дела плод на денешната Ликовна колонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *