Од 01.01.2018 година ќе може без ЕУ пасош да се работи и во Германија

На социјалните мрежи почна да се споделува информација која би можела да охрабри многумина кога е во прашање вработувањето во странство.

– Имено од 01.01.2018 стартува нов закон за вработување според кој сите кои не се граѓани на ЕУ ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните на ЕУ, што важи за граѓаните со српски, босански и македонски пасоши, без оглед за која работа сакаат да аплицираат.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: На Германија и фалат 200.000 РАБОТНИЦИ, половина ќе бидат од Балканот

Тоа значи дека сите кои ќе пронајдат работодавач ќе можат да се вработат како и ЕУ граѓаните, без притоа да мораат да одат во амбасада и да бараат работна виза. Пронаоѓањето на сигурна работа ќе биде како и досега, преку агенција.

Во моментов во Германија можат да се вработат само граѓаните со ЕУ пасош.

Оваа информација засега се уште не ја потврдила ниту една официјална институција, според republika.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *