Од утре почнува издавањето на 325 илјади платежни картички

Од утре комерцијалните банки во Македонија ќе ги добијат списоците на граѓаните на кои ќе треба да се им се издадат платежните картички на кои ќе легнат парите од третиот сет мерки за поддршка на домашната економија . Според информациите на Алсат, од 325 до 330 илјади граѓаните ќе добијат картички за да купуваат домашни производи и услуги.

Овие платежни картички ќе ги добијат социјалните случаи и невработени, лицата со ниски примања, млади и медицинските лица кои ќе бидат наградени поради борбата со Ковид 19.

Секоја група ќе добие различна сума на својата платежна картичка. Социјалните случаи и невработените кои активно бараат работа преку Агенцијата за вработување до 22 мај 2020, кои имале нето доход во 2019 до 180.000 денари и во првите четири месеци од годинава вкупно 60.000 денари, ќе добијат 9.000 денари. Вработените лица кои имаат од јануари до април вкупно 60.000 денари нето приход ќе добијат 3.000 денари како и ваучер за одмор од 6.000 денари. Младите од 16 до 29 години кои се во средно и на факултет, ќе добијат по 3.000 денари, додека здравствените работници ќе добијат 40 отсто од основната нето плата. Важно е да се напомене дека за картичките нема да треба да се аплицира во банките од страна на граѓаните и да се чека одобрување. Тоа е направено преку Министерството за финансии.

Банките ќе ги информираат граѓаните кога да ги подигнат платежните картички, а постои можност да бидат доставени и по пошта. Граѓаните и државата нема да имаат трошоци за картичките, кои ќе бидат поврзани со посебна наменска сметка во банката. Оваа платежна картичка исто така ќе може бесплатно да се згасне, но и да се трансформира како трајна. Целата операција на издавање на платежната картичка се планираше да заврши до 3 јули, но веројатно овој рок ќе се продолжи. Исто така парите веројатно ќе може да се трошат и после 31 јули. Паралелно со ова, од утре ќе почне и доставувањето на ваучерите во вредност од 6.000 денари за одмор во домашните категоризирани објекти. Преку платформата domasiedoma.gov.mk или pushimenevend.gov.mk,

Министерството за економија ќе ги испрати ваучерите кој ќе содржат QR код по електронска пошта на граѓаните. Ваучерите ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година.

izvor> alsat

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *