Од полноќ нови поевтинувања на горивата

Според одлуката на Регулаторната комисија, бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продаваат по намалени цени, додека пак мазутот ќе поскапи

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за два денара за литар, па така, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 84,5 денари, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 86,5 денари за литар.

Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 1,5 денар и од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар.

Од полноќ со нови цени ќе се продаваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.

Екстра лесното масло поевтинува за еден денар за литар и ќе чини 82,5 денари, додека, пак, цената на мазутот се зголемува за 0,027 денари за килограм и ќе чини 41,81 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *