Од манастирот „Св. Пантелејмон“ во Кочани украле ѕвона тешки 140 килограми

Две ѕвона изработени од месинг тешки по 70 килограми се украдени од манастирот „Св. Пантелејмон“ во кочанското село Пантелеј.

Непознатиот сторител кражбата ја извршил во периодот од 20-ти до 21-ви јануари, а од црквата случајот во полиција бил пријавен во текот на вчерашниот ден.

Од МВР информираат дека се преземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на тешката кражба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *