Од декември стартува дневната евтина тарифа во периодот од 13 до 15 часот

Од декември стартува дневната евтина тарифа во периодот од 13 до 15 часот

По речиси две години од укинувањето од 1-ви декември конечно се враќа дневната евтина тарифа на струјата.

Но наместо од 14 до 16 часот како што беше претходно, сега граѓаните евтината електрична енергија ќе можат да ја користат во периодот од 13 до 15 часот, вели за канал 5 претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски. Тој уверува дека и броилата кои допрва треба рачно да се сетираат во најкратот можен рок ќе бидат прилагодени и дека сите домаќинствата во декември по два часа во денот ќе може да користат евтина струја. Исклучок ќе бидат само оние во тешко достапни рурални планински подрачја, но како што тврди Бислимовски, станува збор за само еден процент од домаќинствата.

„Со измените на тарифиниот систем од јуни годинава веќе се знае дека евтината дневната тарифа на струјата ќе започне од примена од 1-ви декември оваа година и ќе ја имаат најголем дел од домаќинствата, освен домаќинствата кои живеат во далечни рурални подрачја, каде што ќе треба повеќе од 30-тина дена за да се заменат и да се сетираат броилата. Но станува за збор за помалку од еден процент од домаќинствата“, посочи Бислимовски во телефонска изјава за Канал 5.

Од ЕВН Електоридистрибуција за Канал 5 пак појаснуваат дека сетирањето на рачните броила не може да започне пред влегувањето во сила на новиот тарифен систем, однсно пред 1-ви декември.

-Електродистрибуција поседува 170.000 броила со далечинска комуникација и 650.000 обични броила кои треба да се сетираат на лице место. Броилата ќе се сетираат уште во првиот месец, освен недостапните кои ќе се сетираат во наредниот период. Од 1-ви декември влегува во сила новиот тарифен систем I тогаш ќе започне и сетирањето на броилата. – ЕВН.

Граѓаните, како и досега ќе продолжат да користат евтина стујата в недела, а останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот навечер до 7 наутро.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.