Одржан ИНФО ИПАРД ДЕН на Министерство за земјоделие во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 18.02.2020 година Денес во Домот на култура во Македонска Каменица Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Сектор за управување со ИПАРД фондови одржа Инфо ден за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020.

Присутните граѓани на општина Македонска Каменица покрај можноста за поставување на прашања имаа можност да се запознаат со ИПАРД можностите за рурални средини.

Денешниот Инфо ден е одлична пракса на МЗШВ и можност граѓаните да се запознаат со начините за диверзификација на фарми, развој на бизниси и со начините со кои преку Програмата со Јавен повик можат да обезбедат користење на средства, како и информација за потребните документи и деловните планови за работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *