Одлуки донесени на 6 седница на Советот на општина Македонска Каменица

Makedonska Kamenica

На 13 Март, со почеток во 14:00 часот се оддржа 6-та редовна седница на Советот на Општина Македонска Каменица. Покрај усвојувањето на записникот од петтата седница, беа донесени и следниве одлуки според дневниот ред усвоен од Совет на општина Македонска Каменица:

 

  1.  Советот на општина Мaкедонска Каменица ја усвои завршната сметка на Буџетот на општина Македонска Каменица за 2017 година
  2. Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај на општина Македонска Каменица за 2017 година
  3. Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на ЈОУДГ ”Бамби ” Македонска Каменица за 2017 година
  4. Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на КИЦ ” Романса ” Македонска Каменица за 2017 година
  5. Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на ООУ ” Св.Кирил и Методиј ” Македонска Каменица за 2017 година
  6. Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на ЈП ” Камена Река ” Македонска Каменица за 2017 година
  7. Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на ЈП ” Доминг” Македонска Каменица за 2017 година
  8. Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на СОУ ” Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица за 2017 година
  9. Советот на општина Македонска Каменица дава согласност на Годишниот план за вработување во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица за 2019 година
  10. Советот на општина Македонска Каменица дава согласност на Програмата за изведување на еднодневна екскурзија низ Р.Македонија за ученици од трето одделение во учебната 2017/2018 година
  11. Советот на општина Македонска Каменица дава согласност на Програмата за изведување на дводневна екскурзија низ Р.Македонија за ученици од шесто одделение во учебната 2017/2018 година
  12. Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот извештај за исплатени парични средства за еднократна парична помош на физички лица заведен под бр.08-527/1 од 06.03.2018 година за период од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година
  13. Советот на општина Македонска Каменица го усвои барањето бр. 08-521/1 од 06.03.2018 година на ЈП “Камена Река” Македонска Каменица за преотстапување на теренско возило од општина Македонска Каменица на ЈП” Камена Река” Македонска Каменица
  14. Советот на Општина Македонска Каменица дава согласност на барањето заведено под бр.02-95/2 од 02.03.2018 година за измена и дополнување на Статутот на ЈП “Камена Река” Македонска Каменица
  15. Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација
  16. Се прогласува Правилникот за доделување на стипендии на ученици во основно и средно образование запишани во државните училишта и студенти запишани на државните универзитети во Република Македонија
  17. За надомест на трошоците на организаторите на изборната кампања за Локалните избори 2017 година
  18. Се прогласува Одлуката за давење согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Северноисточен и Источен плански регион
  19. Се прогласува Одлуката за исплата на парични средства за организиција на Отворени Забавни Фудбалски Школи во износ од 100.000,00 денари за 2018 година
  20. Советот на општина Македонска Каменица го усвои барањето бр. 08-526/1 од 06.03.2018 година на Јоцо Ангеловски од Македонска Каменица за одобрување на парични средства за лекување
  21. Советот на општина Македонска Каменица го усвои барањето бр. 08-525/1 од 06.03.2018 година на Маја Илиевска од Македонска Каменица за одобрување на парични средства за лекување

Leave a Reply

Your email address will not be published.