ОДЛОЖЕН МЕЃУНАРОДНИОТ РИБОЛОВЕН СПОРТСКИ КУП ПОРАДИ ПОЛУПРАЗНОТО КАЛИМАНСКО ЕЗЕРО

Сушата го одложи меѓународниот риболовен спортски куп на Калиманци . Поради нискиот водостој на браната, нема услови за негова организација .

Од каменичкото спортско-рекреативно друштво „Шаран“ потенцираат дека лошата состојба со браната е единствената причина што купот е одложен:

„…Како организатори не се откажуваме од организацијата, туку бараме начини меѓународниот куп да се одржи во релативно добри услови, а тоа во моментов го нема на езерото. Доколку хидролошката состојба се подобри, купот ќе го организираме во октомври за што благовремено ќе ги известиме сите заинтересирани рибиловни друштва од Македонија и соседните земји…“, стои во соопштението на друштвото.

Меѓународниот спортски куп, на кој учествуваат над дваесет риболовци од Балканот, се организира секоја година на крајот на август, со поддршка на Општината, а целта е промоција на риболовниот туризам и на акумулацијата Калиманци.

Од друштвото уште еднаш апелираа да се преземат мерки за зголемување на нивото на водата во езерото, бидејќи во спортивно би можел во прашање да се доведе рибниот фонд во него.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *