ОДЛИЧНА ВЕСТ: Професионалните војници ќе добиваат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година минат труд

Припадниците на армијата на кои им завршува професионалниот ангажман со наполнети 45 години доколку не добијат вработување во другите државни институции или приватни компании ќе можат да добијат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година стаж колку што минале во нивната служба.

По средбата со Синдикатот на одбраната министерката за одбрана Радмила Шекеринска која ја најави ваквата отпремнина, рече дека ги информирала членовите на Синдикатот за предлогот на Владата со цел да им се оддолжат на војниците кои тоа и го заслужуваат.

Според Шекеринска, оние војници кои имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 евра или пак оние кои имаат 25 години ќе можат да добијат 25.000 евра итн.

Синдикатот на одбраната целосно го поддржал предлогот на Министерството и порачал што е можно порано да се имплементира овој предлог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *