Одлична вест: Потпишан Договорот со ЕБОР, започнува реконструкцијата на регионалниот пат Македонска Каменица – Саса

 

Македонска Каменица, 10.07.2020 година – ЈП Државни патишта го објави почетокот на изградбата на регионалниот пат од Македонска Каменица до Саса, со вкупна должина од 12,1 километар. Во официјалното соопштение стои:

Ќе се рехабилитираат 84 километри на шест делници со средства од ЕБОР

Шест патни правци наскоро ќе добијат поинаква слика од моменталнава.

Имено, Јавното претпријатие за државни патишта по добиеното одобрение од страна на Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), потпиша Договори со Изведувачите за следните 6 делници:

1. Рехабилитација со проширување на автопат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз), должина 5,5 км
2. Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница, должина 18,5 км
3. Рехабилитација на регионален пат Р1303, делница Кичево – Македонски Брод, должина 25 км
4. Рехабилитација на регионален пат Р1206, делница Карпалак – Желино, должина 16 км
5. Рехабилитација на регионален пат Р1210, делница Узем – Тораница, должина 9 км
6. Рехабилитација на регионален пат Р1210, делница Македонска Каменица – Саса, должина 10 км

Вкупната должина на 6-те делници коишто ќе се рехабилитираат е 84 километри. Изведувачите ќе бидат воведени во работа по што отпочнуваат со подготвителните активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *