ОДЛИЧЕН УСПЕХ: ЖФК Каменица САСА единствен клуб од Македонија со претставник во ECA – European Club Associaton

Огромен Успех за ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица, бидејќи е единствен клуб од Македонија со претставник во ECA – European Club Association
– Успехот се должи на професионалната, транспарентна и успешна работа која беше забележана и оценета од ЕСА, истакна претседателот на ЖФК Каменица САСА, ЗоранЗлатковски, кој официјално е член на новиот управен одбор на европската асоцијација на клубови 2023-2027.
Првиот официјален состанок на ЕСА, каде ќе присуствува претседателот на ЖФК Каменица САСА, ќе се одржи во Берлин од 05 до 07 септември о.г.
ЕСА е организација која ги застапува интересите на фудбалските клубови во организација на УЕФА. Единствена организација која е признаена од УЕФА и има сопствен статут во ФИФА и УЕФА, ниедна одлука во врска со клубовите не може да биде донесена без согласност на ЕСА.
Пишува: Горан Бразда/МедиаПоинт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *