Одличен настап на младиот каменичанец Филип Гоцевски. САСА пресилна за младинската екипа на Академија Пандев

04.02.2018 каменица.мк

Саса со 3:0 ја победи младинската екипа на Академија Пандев во вчерашниот пријателски натпревар, кој се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица. Иако теренот беше тежок и со лоши услови за игра, двете екипи прикажаа одличен фудбал. Особено забележителна беше промената во играта на домашната екипа, каде брзината и динамичноста се новата одлика на подмладениот тим . Тие уште во првиот дел поведоа со 1:0, со навистина убавиот гол на Никола Димовски. Во вториот дел за Саса стрелаа и Дамјан Ивановски и Ефтим Аксентиев за конечни 3:0.

За посебно внимание и издвојување од вчерашниот натпревар е одличниот дебитантски настап на 15- годишниот Филип Гоцевски, кој доаѓа токму од редовите на младинските школи на Каменица САСА. Во текот на целото второ полувреме младиот каменичанец прикажа одлична игра на средината од теренот и нападот, иако негова природна позиција е во одбранбените редови на теренот. Ова е негов прв и одличен, настап за сениорскиот тим на Каменица Саса Ние му посакуваме добра игра и успех, а каменичани редовно да го гледаат и бодрат од трибините.
Ова е втор контролен натпревар на Саса против струмичка екипа, во првиот натпревар на гостински терен одигра нерешено против Беласица со 1:1. Ова е прва победа и целосен успех на каменичани во зимскиот подготвителен период. Иако, да повториме временските услови беа навистина лоши, каменичката публика беше на трибините, а најголемите љубители на фудбалот во Каменица, остаана и до крај го следеа натпреварот на своите миленици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *