Огромна победа на девојчињата од КК Баскет- Кам (М-16) на гостувањето кај Гостивар2009

02.XII.2017 kamenica.mk

Женската екипа на КК Баскет Кам во категорија М-16 денес извојува значајна и убедлива победа на гостински терен против екипата на Гостивар 2009. Натпреварот заврши со огромна резултатска разлика 30:56.

Најефикасна на натпреварот со 20 постигнати поени беше Стефани Колева, додека Бојана Попова постигна 12 поени, а Моника Зафировска 10.

  • Играме одлични натпревари, со цврста одбрана и ефикасен напад. Лесно ја транзитиравме играта од одбрана во напад и обратно. Годинава со девојчињата очекуваме пласман во финале и борба за прво место со оваа возрасна категорија М- 16 и со девојчињата од М- 18. – наведе во кратката изјава тренерот на женските екипи на КК Баскет- Кам од Македонска Каменица, Јордан Цветановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *