Ограбено казино во Виница

Според официјалното известување од МВР, грабежот се случил рано изутрината околу 06.15 часот во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито“ во Виница. Во критичниот момент две непознати маскирани лица насилно упаднале внатре и го извршиле разбојништвото.

Сторителите со пиштоли им се заканиле на вработените, по што ги затвориле во тоалетот од казиното, а потоа ги одзеле парите од касата и побегнале во непознат правец. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица, од каде била испратена увидна екипа. Освен известувањето дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, од Полицијата засега не излегуваат со други детали.

Иако нема потврда за вредноста на парите што се украдени, во јавноста претпладнето се шпекулираше дека се работи за сериозна сума што се насобрала претходната вечер. Наводно тоа наведувало на претпоставката оти станува збор за искусни крадци, кои добро го познаваат фунционирањето на вакви објекти во кои се приредуваат игри на среќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *