Оглас за работа: Се бара дегустатор на чоколада

Оглас за работа: Се бара дегустатор на чоколади

Берн, 10 февруари 2017

Компанијата „Монделез“, која ги произведува чоколадите „Милка“, бара професионален дегустатор на чоколади.

Работните обврски, според огласот, е да се пробува од чоколадите и да се даваат професионални оценки за вкусот. Работното време трае 7,5 часови дневно, три дена во седмицата. Нововработениот ќе има и 11 колеги соработници.

– Кандидатите мора да бидат страствени љубители на слатки и да имаат истенчен вкус. Дегустаторот ќе ја има клучната улога во намерата на компанијата да создаде нов производ кој ќе се пласира на светскиот пазар, пишува во огласот. Работно искуство не е потребно

(МИА)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.