Огласот за развој на земјоделски задруги трае до 15 Октомври

До 15 октомври е отворен огласот за развој на земјоделските задруги. Истиот е дел од проектот финансиран од Европската Унија, кој предвидува грант од скоро еден милион евра за зајакнување на постојните или формирање нови земјоделски задруги.

Селекцијата ќе се прави по пат на 3 огласи.

На првот ќе бидат избрани 24 земјоделски задруги, кои ќе добијат техничка поддршка за подготовка на нацрт-бизнис план за развој.

На вториот треба да бидат избрани 16 задруги кои ќе добијат помош за изготвување на конечен бизнис-план, а на третиот повик ќе се одберат 8 задруги кои ќе добијат финансиска и техничка поддршка за неговата реализација.

Задругата треба да обезбеди сопствени средства од најмалку 20 проценти, а парите што може да се добијат од проектот се најмногу до 80.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *