ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА ЗА ДОЧЕК НА НОВАТА 2024 ГОДИНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Македонска Каменица, 26.122023 година – Културно информативниот центар „Романса“ денеска ја објави културно уметничката програма подготвена во соработка со Општина Македонска Каменица за организиран дочек на Новата 2024 година на градскиот плоштад во Македонска Каменица.
– За дочекот на Новата 2024 година, граѓаните на Македонска Каменица ќе имаат можност да се забавуваат со настапот на музичката група Император бенд, предводена од нашиот сограѓани Гоце Ѓорѓиевски – Царот, – истакнуваат од КИЦ „Романса“
Повеќе околу деталира за дочекот на Новата 2024 година, истакнаа дека истиот ќе започне на 31. Декември во 22 часот, а ќе продолжи до 01.00 часот по полноќ. Покрај настапот на Император бенд, за дочекот на новата година од КИЦ Романса имаат обезбедено топли напитоци, чај, греана ракија и вино.
КИЦ Романса ја користи приликата на сите граѓани на Општина Македонска Каменица да им ги честита претстојните Новогодишни и Божиќни празници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.