Обука по прва помош за учениците при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ реализирана од ОО Црвен Крст – Делчево

Македонска Каменица – Во петок, на 02. Февруари 2024 година, Општинската организација на Црвен крст – Делчево предд ушениците од Средното општинско училиште “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица одржа обука од кампањата за прва помош под мотото “Првата помош спасува живот”.
– Продолжуваме со спроведување на кампањата по прва помош под мотото”Првата помош спасува живот”. Целта на оваа кампања е да се едуцираат што поголем број на ученици и наставници со основните вештини по прва помош,- изјавуваат од ОО Црвен Крст – Делчево
На обуката присуствуваа сите ученици од прва година и дел од наставниците во средното каменичко училиште. Истата беше реализирана од страна на Антица Стоименовска Ивановска и Елена Петровска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.